Top Sport

Интер му оддаде почит на Гранде Пандев: Можеме повторно до трофеј од ЛШ

Пред дербито со Лацио, „Џузепе Меаца“ му оддаде почит на поранешниот македонски капитен и нивна ѕвезда, Горан Пандев, кој доби овации од навивачите, по што прогнозираше дека „нераѕурите“ можат повторно до титулата од Лигата на шампиони, која тој ја освои со славната генерација на Жозе Мурињо.

„Интер се тимот кој ме донесе тука, освоивме се што можеме поради овие спектакуларни луѓе. Секогаш е прекрасно да се дојде на ‘Сан сиро’, пресреќен сум. Споредба со тимот кој го освои трофејот од ЛШ во 2010? Сигурен сум дека можеме да ги поминеме Милан и да стигнеме до финалето. Клубот го заслужува тоа, овие навивачи го заслужуваат тоа“, изјави Пандев.

Scroll to Top