Top Sport

Интер на лето го продава Алексис Санчез

Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез најверојатно ќе го напушти Интер во летниот преоден рок. „Нероаѕурите“ се надеваат дека ќе го продадат Чилеанецот за да ги намалат трошоците за плати. Според италијанските медиуми, Интер е согласен да го продаде Алексис Санчез ова лето за само 4 милиони евра.

Алексис дојде на „Џузепе Меаца“ во 2020 година приклучувајќи се како слободен агент. Договорот на играчот со Интер е со важност до 30 јуни 2023 година.

Напаѓачот оваа сезона одигра 19 натпревари во Серија А, постигна два гола и забележа три асистенции.

Scroll to Top