Top Sport

Интер најде замена за капитенот Хандановиќ

Словенечкиот фудбалски голман Самир Хандановиќ е прв голман на калчолигашот Интер уште од сезоната 2012/2013. Со оглед дека идното лето ќе наполни 39 години, „Нероазурите“ веќе бараат негова замена.

Според пишувањата на Фабрицио Романо, неговата замена е пронајдена во Амстердам, чуварот на мрежата на Ајакс – Андре Онана.

25-годишниот Камерунец за „копјаниците“ има 204 настапи, а на 83 меча неговата мрежа останала недопрена.
Во Ајакс е од 2015 година, а претходно 5 години помина во фудбалската школа на Барселона – „Ла Масија“.

Романо пишува дека Онана ќе дојде на „Џузепе Меаца“ бесплатно затоа што летоска му истекува договорот со холандскиот шампион.

Scroll to Top