Top Sport

Официјално – По Гасол стави крај на играчката кариера

Легендарниот шпански кошаркар предмалку официјално соопшти дека става крај на кошаркарската кариера. Тој се повлекува од паркетот по 19 НБА сезони, шест Ол-стар избори и два шампионски прстени, но и бројни медали од ЕП и СП со „Фуријата“.

По ќе остане запаметен како еден од најдобрите и најдолговечните кошаркари на Стариот континент.
Во последната сезона играше финале со Барселона.

41-годишниот Шпанец во кариерата играше за Барселона, во два наврати, но и во Мемфис, ЛА Лејкерс, Чикаго Булс и Сан Антонио Спарс. Во Милвоки Бакс имаше само кратка епизода.

Scroll to Top