Top Sport

Интер наредната недела ќе ја официјализира соработката со Брозовиќ

Интер наредната недела ќе ја официјализира соработката со Марцело Брозовиќ. Хрватот ќе потпише нов договор, актуелниот му важи до крајот на сезоната.

Долгите преговори околу новиот договор на Брозовиќ, челниците на Интер успешно ги завршија. И покрај тоа што Хрватот се поврзуваше со клубови од Премиер лигата и со Барселона, Интер решиле да ги исполнат неговите желби.

Брозовиќ ќе добие годишна плата од 6.500.000 евра.

Брозовиќ во Инер се пресели пред седум години од Динамо Загреб. Во кариерата дресот на актуелниот италијански шампион го носел на 270 натпревари.

Scroll to Top