Директорот на Интер, Бепе Марота пред дуелот Интер-Наполи призна дека желбата на навивачите на „Сан Сиро“ да пристигне Лео Меси е неостварлива, објаснувајќи дека тоа е „невозможна мисија“.
„Ниту еден италијански клуб не може да комплетира таква трансфер-операција без големо жртвување на сопствениците, а покрај тоа тука се правилата за финансискиот ферплеј. Мораме да ја направиме Серија А лига во која шампионите доаѓаат и не заминуваат. Дебатата се води околу ТВ-правата, но исто така мораме да процениме какви фудбалери продаваме и како го градиме брендот на лигата“, вели Марота.
Сепак, и покрај новиот неуспех да се достигне Јувентус, кој веќе ја запечати титулата, Марота има целосна доверба во Антонио Конте.
„Конте заврши фантастична работа во кревањето на квалитетот на тимот. Останува да жалиме за некои работи, но гледаме кон иднината со оптимизам и со желба за успех“, додава Марота.