Top Sport

Кулушевски стрелаше против својот поранешен клуб, но Аталанта пак победи!

Дејан Кулушевски, Швеѓанецот со македонско потекло, постигна гол против својот поранешен клуб Аталанта и еднаш ја погоди гредата, но неговите Парма пропуштија водство од 1:0 и загубија со 1:2 на „Енио Тардини“.

Кулушевски, кој од следната сезона ќе го носи дресот на Јувентус, е играч на Аталанта и игра во Парма како позајмен фудбалер, и ги донесе домаќините во водство во 43. минута во првото полувреме во кое домаќините доминираа.

Меѓутоа, Аталанта не дозволија нивната низа без пораз да биде прекината, откако прво Руслан Малиновски во 70. минута израмни, за капитенот Папу Гомез во 84. минута да го комплетира пресвртот.

На само едно коло пред крајот на сезоната во Серија А, Аталанта се искачи на второто место со 78 поени, два повеќе од Интер кои вечерва го пречекуваат тимот на Наполи. Парма остануваат на 11. место.

Scroll to Top