Top Sport

Интер не се „дава“ – Лукаку и Лаутаро за голема победа во Неапол (видео)

Интер се врати на првото место во Серија А, откако Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез повторно беа во топ-форма за голема 3:1 победа на гостувањето на „Сан Паоло“ кај Наполи.

Со трите поени, тимот на Антонио Конте се израмни со Јувентус на врвот на табелата со 45 поени, но се на првото место поради подобрата гол разлика, додека Наполи на Џенаро Гатузо останува само осми со 24 поени, 11 поени од топ 4 пласман.

Лукаку покажа дека е во одлична форма и во новата 2020 година, кога во 14. минута со прекрасен соло-продор ги доведе „нераѕурите“ во водство, а во 33. минута зголеми на 2:0 користејќи ја катастрофалната грешка на голманот на Наполи, Алекс Мерет. Сепак, ниту домаќините не беа без свои шанси во интересните први 45 минути и Аркадијуш Милик во 39. минута намали на 1:2.

Меѓутоа, Лаутаро Мартинез во 62. минута, казни една несмасна реакција на одбраната на „партенопеи“ за враќање на предноста од два гола (1:3).

Scroll to Top