Италијанскиот спортски весник „Ла газета дело спорт“ тврди дека Интер почнуваат да се премислуваат за желбата да го заддржат Ромелу Лукаку, откако управата на клубот и тренерот Симоне Инзаги се разочарани од низата повреди и слаба форма на Белгиецот оваа сезона.
Лукаку нема да може да настапи ниту на утрешниот меч од Копа Италија против Парма поради нова повреда на коленото, со што има постигнато два гола во само осум настапи оваа сезона и имаше само епизодна улога при 2:2 ремито со Монца во саботата.
Според „Газета“, Интер потрошија 20 милиони евра за да го донесат од Челси минатата сезона, ако се земе во предвид неговата плата и ќе им требаат уште толку за да ја продолжат позајмицата за 2023/24, бидејќи опцијата да го направат трансферот постојан е прескапа. 29-годишниот Белгиец не е во плановите на Челси и би сакал да остане во Интер, но „нераѕурите“ очекуваат многу повеќе од него во остатокот од сезоната.
Così #Lukaku non è da Inter. Ora il club si interroga: il prestito bis è in discussione https://t.co/IepwChSLll
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) January 9, 2023