Top Sport

Мартинез: Кристијано ќе добие шанса и респект

Новиот португалски селектор, Роберто Мартинез најави дека ќе разговара со Кристијано Роналдо за неговата иднина со репрезентацијата по несигурностите кои се појавија по Мундијалот во Катар, ветувајќи дека тој ќе добие „шанса и респект“.

Роналдо беше контроверзно оставен на клупата од претходниот селектор Фернандо Сантош на двата нокаут меча на Мундијалот, и сега Мартинез, поранешниот селектор на Белгија, ќе мора да ја „средува“ мешаницата во тимот.

„Одлуките се прават на теренот, не во канцеларија. Се надевам дека ќе можам да контактирам со сите играчи. Кристијано Роналдо е дефинитивно е на таа листа. Тој е во репрезентацијата 19 години и се надевам дека ќе седнам со него и ќе креирам најдобар можен тим. Денеска е ден за задоволство, од утре почнува работата. Ќе почнеме фудбалски процес за да дознаеме кои се сите играчи кои можат да бидат во репрезентацијата. Сите ќе добијат шанса, а тие кои веќе се во тимот ќе добијат респект“, изјави Мартинез.

Scroll to Top