Top Sport

Интер непоразен на „Камп Ноу“, Ливерпул се истури на Ренџерс, хет-трик на Салах

Интер освои капитален бод на „Камп Ноу“ играјќи 3:3 против Барселона и има пол-позиција во пресрет на последните две кола во „групата на смртта“ за пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Баерн Минхен е веќе во осминафиналето по трумфот (2:4) против Плзен, а на Интер му е потребна уште една победа за да ја оствари целта.

Луд натпревар одиграа Барса и Интер. Дембеле донесе водство за Барселона, но потоа Интер го шокираше домашниот тим, со головите на Николо Барела и на Лаутаро Мартинез. Лоши реакции во одбраната на Барселона имаа Жерар Пике и Ерик Гарсија.

Роберт Левандовски израмни на 2:2 во 82.минута, а Госенс уште еднаш го замолкна стадионот во 89.минута. Левандовски во судиското продолжение израмни на 3:3, но Барса немаше сили за триумф.

Ливерпул се истури на Глазгов Ренџерс и славеше со 1:7. Мохамед Салах постигна хет-трик, а влезе во игра во 68.минута. Трите гола ги постигна за само нешто повеќе од шест минути. Интересно, Глазгов Ренџерс поведе со голот на Скот Арфилд. Пресвртот го донесе Роберто Фирмино со два гола, а стрелаа и Дарвин Нуњез и Харви Елиот.

Порто го декласира Баер Леверкузен на гости со 0:3, а Олимпик Марсеј славеше на гости против Спортинг Лисабон со 0:2.

Тотенхем го победи Ајнтрахт Франкфурт со 3:2. Хјонг – Мин Сон беше двоен стрелец, а погоди и Хари Кејн, кој во судиското продолжение не реализира и пенал.

Scroll to Top