Top Sport

Интер: Ниту едно евро нема да платиме за Видал

Интер во последен момент ја спуштиле рампата во преговорите со Барселона околу трансферот на Артуро Видал.

Спортскиот директор на Интер Бепе Марота се повлекол од преговорите откако од Барселона побарале симболична сума како обесштетување. Италијанскиот клуб има намера да го донесе Видал како слободен играч.

„Нема да платиме ниту едно евро“, наводно порачале од Интер.

Барселона на сличен начин го испрати Иван Ракитиќ во Севиља. Клубот од Андалузија плати 1.500.000 евра, меѓутоа трансферот може да биде поголем доколку Севиља во наредните две сезони избори пласман во Лигата на шампионите

Scroll to Top