Интер ја одбил првата понуда на Челси од 40 милиони евра за голманот Андре Онана, но се очекува преговорите да продолжат по финалето на Лигата на шампиони, тврдат италијанските медиуми.
Челси сака да го донесе 27-годишниот Камерунец ова лето како долгорочна замена за Едуар Менди како прв голман под водство на новиот менаџер Маурисио Почетино. Според „Тутомеркато“, Онана веќе се има договорено за личните услови со премиерлигашот, но Интер смета дека понудата од 40 милиони евра е премала.
Преговорите ќе продолжат следната недела по финалето на Лигата на шампионите и возможно е Ромелу Лукаку и неговата иднина да влијаат на преговорите. Белгискиот напаѓач не планира да се врати во Челси, но во Интер се внимателни околу тоа колку би чинело неговото останување кај „нераѕурите“.
Интер веќе имаат „пикирано“ замена за Онана во голманот на Емполи, 26-годишниот Гуљелмо Викарио.