Интер не биле заинтересирани за предложената размена на играчи од Рома, со која капитенот Един Џеко би заминал кај „нераѕурите“, а Данецот Кристијан Ериксен би пристигнал на „Олимпико“, тврди „Ла газета дело спорт“.
Двајцата фудбалери бараат излез од ситуацијата во која се најдоа – Ериксен со малата минутажа која ја добива во Интер, а Џеко по конфликтот со тренерот Пауло Фонсека, кој го „исклучи“ од тимот од саботниот дуел со Специја поради наводна повреда.
Според „Газета“, Рома понудиле трампа меѓу двајцата фудбалери, кои би пристигнале на позајмица до крајот на сезоната, меѓутоа главен проблем е платата на 34-годишниот Џеко од 7.5 милиони евра, бидејќи Интер се обидува да ги намали трошоците за плати.