Интер се заинтересирани да донесат уште еден фудбалер од Премиер лигата, десниот бек на Манчестер јунајтед, Кајл Вокер, тврди „Сан“.
Вокер е во Сити од 2017 година, освојувајќи две титули од Премиер лигата со Сити, но 30-годишниот ветеран се најде во проблеми откако дури четири пати беше фатен како ги прекршува правилата за карантин за време на корона вирусот.
Вокер има 31 меч за оваа сезона и го продолжи договорот со „граѓаните“ минатото лето, но сепак би бил привлечен од „новиот старт“ во Серија А.
„Нераѕурите“ претходно ги донесоа Ромелу Лукаку, Ешли Јанг и Кристијан Ериксен од Премиер лигата, а го имаат и на позајмица Алексис Санчез од Манчестер јунајтед.