Top Sport

Потресно: Тренерот на Ливорно во солзи по смртта на неговата мајка од КОВИД-19 (видео)

Викендов на ТВ-екраните се врати и италијанскиот фудбал со заостанатите мечеви во Серија А и Серија Б, а во Италија посебно внимание предизвика реакцијата на тренерот на Ливорно, Антонио Филипини по стартот на мечот со Читадела.

Пред секој меч во Италија се оддава минута почит за починатите од корона вирусот, а оваа болест имаше и влијание на животот на тренерот Филипини, кој ја загуби својата мајка од болеста. Тој не успеа да ги заддржи солзите пред стартот на мечот.

Ливорно загуби со 0:2 и остана на последното место на Серија Б, заостанувајќи 15 поени од безбедната зона.

Scroll to Top