Повеќе италијански извори тврдат дека Раџа Наинголан ќе биде добредојден во Интер следната година, откако директорот на Каљари, Марчело Карли призна дека тие се немоќни да го заддржат Белгиецот.
Интер плати 38 милиони евра плус Николо Заниоло за Наинголан летото 2018 година, но по една неубедлива година го пратија „Нинџа“ на Сардинија на позајмица, договор што му одговараше на фудбалерот поради болеста на неговата сопруга, која потекнува од островот. Меѓутоа, сега е јасно дека тој од следната сезона ќе се врати во Милано.
„Носеето на Наинголан беше нешто надвор од вообичаените планови, бидејќи го сметавме за фудбалер кој може да го крене нивото на тимот. Бевме сигурни дека парите ќе ги вратиме со подобрување на тимот. Но, нема поента да зборуваме дали Раџа ќе биде во Каљари следната сезона, бидејќи тој има уште две години од договорот со Интер и тоа не е до нас“, вели Карли.
Се верува дека Антонио Конте ќе му даде нова шанса на Наинголан, откако тој и Мауро Икарди беа оценети како „непожелни“ минатото лето.