Интер се подготвени да го продадат Марцело Брозовиќ, само една година откако Хрватот потпиша нов договор со клубот, тврди „Ла газета дело спорт“.
30-годишниот фудбалер од средниот ред го загуби стартното место во тимот на Симоне Инзаги оваа сезона, со само 11 настапи во Серија А поради низа мускулни повреди. Покрај тоа, во системот на Инзаги добро функционира триото Николо Барела-Хакан Чалханоглу-Хенрик Мхитарјан, со малку простор за Брозовиќ.
За Брозовиќ во јануарскиот преоден рок беше заинтересирана Барселона, но останува да се види дали финансиската состојба во Каталонија ќе дозволи ваков трансфер. Брозовиќ е еден од најплатените фудбалери на Интер со 6 милиони евра годишна плата.