Top Sport

Интер подготвени да го продадат Ериксен за да може пак да заигра

Интер со посебно соопштение потврдија дека се подготвени да го продадат Кристијан Ериксен во лига каде што ќе може да ја продолжи фудбалската кариера, бидејќи правилата во Италија не дозволуваат тој да биде на фудбалскиот терен.

Ерикен доби срцев напад на првиот меч на Данска на ЕУРО 2020 на „Паркен“ во Копенхаген, и мораше да биде врате во живот, по што му беше вграден ИЦД уред (подвижен дефибрилатор). Со ИЦД во Серија А не смее да се игра, и Интер велат дека се подготвени за договор.

„По сериозната повреда која се случи на Европското првенсто, фудбалерот привремено не смее да игра во Италија по препорака на медицинските власти. Тој би можел да заигра во други земји и затоа би размислиле за продажба во вакви земји каде што би можел да ја продолжи кариерата“, се вели во објавата на Интер.

Scroll to Top