Играчот со македонско потекло Дејан Кулушевски е еден од оние што го привлекоа вниманието на стручњаците со формата во која игра од почетокот на сезоната.
Италијанските медиуми шпекулираат дека сериозен интерес за него имало кај тренерот на Интер Антонио Конте.
Кулушевски има 19 години, а на почетокот на сезоната од Аталанта пристигна во Парма како позајмен играч. Тој во јануари би можел да замине од Парма бидејќи клубот од „Енио Тардини“ нема опција да го откупи неговиот договор.
Кулушевски досега има учинок од два гола и пет асистенции.
Наводно Интер биле подготвени да платат 40 милиони евра за Кулушевски.