Top Sport

Серијата на Бостон заврши во Сакраменто (Видео)

Сакраменто Кингс ставија крај на серијата од десет победи во која се наоѓаа кошаркарите на Бостон Селтикс. Во драматичен меч Кингс славеа со 100:99. Кингс имаат пет победи на последните седум натпревари, откако сезоната ја отворија со пет порази.

Натпреварот го реши Холмс кој погоди од линијата за слободни фрлања на 13 секунди до крајот на мечот. Во последниот напад за Бостон Смарт се обиде со флоутер, но топката излезе од обрачот.

Бади Хилд одигра брилијантен меч за Сакраменто постигна 35 поени (7/12 за три). Забележителни беа и Србите Богдан Богдановиќ, односно Немања Бјелица. Богдановиќ постигна 10 од своите 12 поени во последниот период, а забележа и 10 асистенции, додека Бјелица имаше 12 поени и 14 скока.

Денвер Нагетс убедливо ги победија Мемфис Гризлис 131:114. Дуелот го решија во втората четвртина која ја добија со 44:17. Џамал Мареј го одигра најдобриот меч во сезоната, постигна вкупно 39 поени.

Никола Вучевиќ г предводеше Орландо со 30 поени и 17 скока до победата над Вашингтон Визардс 125:121.

ЛА Лејкерс забележаа нова победа. Пред „езерџиите“ падна Атланта 122:101. Леборн Џејмс предводеше група од шест кошаркари со двоцифрен број на поени. Џејмс забележа 33 поени, седум скока и 12 асистенции.

Scroll to Top