Top Sport

Интер подготвиле богат договор за Лаутаро

Челниците на Интер договориле средба со менаџерот на Лаутаро Мартинез, на која ќе треба да договорат продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми. Според овие извори, преговорите ќе започнат во текот на репрезентативната пауза.

Договорот на Лаутаро со Интер истекува во јуни 2023 година, клупските челници подготвиле богата понуда за да го задржат на „Џузепе Меаца“.

Лаутаро Мартинез речиси две години се поврзува со трансфер во Барселона. Клубот од „Ноу Камп“ не крие дека е заинтересиран за Аргентинецот, меѓутоа нема пари да ја плати откупната клаузула.

Лаутаро од почетокот на сезоната има постигнато четири гола во сите натпреварувања.

Scroll to Top