Интер стигна до рутинска 0:5 гостинска победа кај фенерџијата Салернитана, за да стане само четвртиот италијански клуб во историјата кој постигнал над 100 голови во календарска година, првпат од 1950 година.
Со водството од 2:0 по 33 минути игра со головите на Иван Перишиќ и Дензел Дамфрис, тие достигнаа до 100 гола, подобрувајќи го претходниот рекорд на клубот од 99 гола во 1950 година. Аталанта може да стигне до оваа цифра до крајот на сезоната, бидејќи имаат 99 гола на два меча пред крајот на 2021. Претходно само четири клуба имаат над 100 гола во една календарска година – Милан го оствари двапати (105 гола во 1949 година и 120 во 1950 година), исто колку и Торино (111 во 1947 и 114 во 1948), додека Јувентус имаа 100 гола во 1933 година.
До крајот на мечот на „Стадио Ареки“, паднаа уште два гола во мрежата на домаќините – Алексис Санчез во 52. минута зголеми на 3:0, пред Лаутаро Мартинез во 78. минута да зголеми на 4:0, за Роберто Гаљардини во 87. минута да ги постави конечните 5:0. Интер сега имаат 43 поени на врвот на табелата, четири пред Милан и шест пред Аталанта.