Top Sport

Интер пропушти победа против Торино, Фиорентина убедлива (видео)

Интер имаше совршено рутинско водство од 2:0, но на крајот мораше да се задоволи само со поен против Торино (2:2) за „нераѕурите“ и во второто коло на Серија А да не стигнат до победата.

Иван Перишиќ уште во седмата минута донесе водство за домаќините на „Сан Сиро“ со прекрасен гол по асистенцијата на капитенот Мауро Икарди, а домаќините веќе ја прославуваа победата кога Стефан де Фрај ја уфрли топката во голот по слободниот удар во 32. минута.

Меѓутоа, „биковите“ не мислеа да се предадат без борба. Андреа Белоти доби една одлична долга топка во 55. минута за да го „излаже“ Самир Хандановиќ намали на 2:1, пред Суаио Меите во 68. минута да искористи уште еден „кикс“ на Хандановиќ за 2:2!

Фиорентина, пак, немаше вакви проблеми, откако со 6:1 го „прегази“ тимот на Киево на „Артемио Франки“, додека Горан Пандев одигра нешто повеќе од половина час во 2:1 победата на Џенова над Емполи во емотивен меч за домашните по катастрофата со колапсот на мостот во градот.

СЕРИЈА А, 2.КОЛО

СПАЛ – Парма 1:0

Каљари – Сасуоло 2:2

Фиорентина – Киево 6:1

Фросиноне – Болоња 0:0

Џенова – Емполи 2:1

Интер – Торино 2:2

Удинезе – Сампдорија 1:0

Scroll to Top