Top Sport

Монако не го кршел финансискиот фер-плеј

Фудбалскиот клуб Монако ги демантира обвинувањата дека се обиделе да го заобиколат финансискиот фер-плеј. Монако се обвинети дека правилата се обиделе да ги избегнат со потпишувањето на лажен договор со една маркетинг агенција.

Клубот реагираше на пишувањата на порталот „Медиапарт“ и други медиуми кои пренесуваат документи што ги објавува „Фудбаликс“. Според клубот документите содржат „лажни информации“.

Медиумите пишуваат дека сопственикот на Монако Димитир Риболовљев се обидел да го сокрие илегалното финансирање со договорот што вклучува и оф-шор компании од Британските Девствени острови и Хонг Конг.

Монако соопшти дека постои договор со компанијата АИМ, но инсистира дека „договорот кој се покажал како премногу амбициозен никогаш не бил реализиран и како таков не влегол во клупските финансиски извештаи“.

Scroll to Top