Top Sport

Интер сака да го задржи она што остана од шампионскиот тим

Челниците на Интер по завршувањето на летниот преоден рок ќе се насочат кон решавањето на внатрешните проблеми. Приоритет за управата ќе биде да ги продолжи договорите со петмина фудбалери.

Интер, според медиумските шпекулации, веќе постигнале договор со Лаутаро Мартинез. Аргентинецот треба да го продолжи договорот откако ќе се врати во Милано. Тој во наредните две недели ќе биде со националниот тим и ќе одигра три квалификациски натпревари.

Покрај Лаутаро, приоритет за Интер е нови договори да потпишат Марцело Брозовиќ, Николо Барела, Сефан де Фрај и Милан Шкринијар.

Scroll to Top