Top Sport

Интер сака пари и двајца играчи за Лаутаро

Лаутаро Мартинез е голема желба на Барселона за летниот преоден рок, но финансиската ситуација не им дозволува на каталонците да ја платат откупната калузула од 111 милиони евра. Поради Барселона се обидува да ја намали цената со тоа што ќе вклучи најмалку двајца играчи во евентуалниот трансфер.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Интер би прифатиле дел од трансферот на Лаутаро Мартинез да бидат двајца фудбалери.

Првиот е Португалецот Нелсон Семедо кој се наоѓа на трансфер листата доколку за него стигне добра понуда, а вториот и младиот Карлос Алења кој во моментов е позајмен во Бетис.

Во Барселона сакаат да го задржат Алења, но доколку треба да бираат помеѓу него и Лаутаро сигурно е дека ќе го изберат Аргетинецот.

Од друга страна водечкиот италијански новинар за трансфери Џанлука Ди Марзио тврди дека Лаутаро нема да бара трансфер по секоја цена.

„Него му е засега убаво во Интер. Барселона го привлече, но тој самиот нема да побара трансфер, ќе почека клубовите да се договорат“, пишува Ди Марзио.

Scroll to Top