Top Sport

Војникот Сон (Фото)

Фудбалерот на Тотенхем Сон Хјеон-мин започна со служењето на воениот рок. Сон ѝ се приклучил на морнарицата на Јужна Кореја на островот Јеј каде ќе ја мине основната обука.

Сон како заслужен спортист на Јужна Кореја воениот рок ќе го служи три недели, односно ќе ја мине основната обука. Напаѓачот на Тотенхем беше дел од репрезентацијата која го освои златниот медал во 2018 година на Азиските игри.

Тој добил дозвола од Тотенхем да замине на служење на воениот рок бидејќи сезоната во Премиерлигата е прекината поради коронавирусот.

Тотенхем соопшти дека Сон ќе се врати во Лондон наредниот месец.

Scroll to Top