Top Sport

Интер се договориле со капитенот на Манчестер Јунајтед

Ешли Јанг ја прифатил понудата што до него ја испратиле од Интер и тој треба да крајот на преодниот рок да се пресели во Милано. Јанг е осум и пол години играч на Манчетер Јунајтед, а последните неколку сезони ја носи капиенската лената, меѓутоа оваа сезона речиси и да не игра кај тренерот Оле Гунар Солскјер.

Антонио Конте, тренерот на Интер, во овој преоден рок бара засилување на левата бековска позиција. Првиот избор му бил Маркос Алонсо со кого има работено во Челси, меѓутоа се откажа од него поради сумата од 40 милиони евра која ја бараат „сините“ како обесштетување.

Изборот на Конте сега е Јанг кој веројатно во Интер ќе пристигне како слободен играч. Договорот на Јанг со Јунајтед истекува на крајот од сезоната, меѓутоа англиските и италијанските медиуми тврдат дека тој ќе добие дозвола како слободен играч да го напушти клубот, што би била награда за неговиот минат труд на „Олд Трафорд“.

Јанг, кој наскоро ќе наполни 35 години може да игра на двете бековски позиции, а по потреба и во редот за врска. Според медиумите тој со Интер ќе потпише 18 месечен договор.

Scroll to Top