Интер потврдија дека на саботниот пријателски меч против Динамо Киев нема да биде дозволено присуството на навивачи, по што навивачките групи на „нераѕурите“ ги обвинија сопствениците дека се плашат од сопствените навивачи.
Мечот треба да се одигра на стадионот „У-Пауер“ во Монца во 18.30 часот во сабота, и иако ќе има директен ТВ-пренос, нема да има навивачи, без официјално објаснување. На пријателскиот меч со Парма на гости пред неколку дена се појавија голем број на навивачи на Интер, кои пееја против претседателот Стивен Жанг, сопствениците Сунинг, но и Ромелу Лукаку, кој е пред потпис со Челси.
Дел од навивачките групи најавија дека ќе најдат начин да присуствуваат на мечот, и дека нема „бегање“ од сопствените навивачи пред првиот меч во Серија А следната недела.