Top Sport

Интер се пофали со Кореа

Интер го потврдија трансферот на Хоакин Кореа од Лацио во договор за позајмица со обврска да се направи трансферот постојан.

Лацио претходно ги објави цифрите за кои 27-годишниот Аргентинец оди на „Сан Сиро“ – позајмица од 5 милиони евра, плус обврска за купува за 25 милиони евра. Тој веќе почна со тренинзи со Интер и би требало да биде подготвен за мечот од Серија А против Верона.

Кореа постигна 30 гола во 117 настапи во три години во Лацио, каде што постојано беше под водство на тренерот Симоне Инзаги, со кого повторно ќе работи.

Scroll to Top