Интер се бори за титулата во Серија А и во исто време прави планови за летниот преоден рок. Актуелните италијански шампиони биле заинтересирани за двајца играчи на Реал Мадрид, тврдат италијанските и шпанските медиуми.
Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, во вторникот, бил во Мадрид. Го искористил натпреварот Реал-Челси за да разговара со колегите од „кралскиот клуб“.
Медиумите тврдат, дека Интер внимателно ги следи Лука Јовиќ и Дани Себаљос. Во вторникот, Јовиќ седеше на клупата, а Себаљос доби шанса да игра во последните пет минути.
Извесно е дека двајцата од наредната сезона нема да престојуваат на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал за Јовиќ, во 2019 година, плати 60.000.000 евра. Србинот не успеа да се избори за место во тимот во конкуренција на Карим Бензема. Себаљос, две години пред Јовиќ потпиша договор со Реал. Бетис од неговиот трансфер заработија 18.000.000 евра.
И тој како и Јовиќ никогаш не доби шанса да е наметне, две години како позајмен играч мина во Арсенал.