Top Sport

Интер се спасија од штетниот договор со Жоао Марио

Интер и фудбалерот Жоао Марио спогодбено ќе го раскинат договорот, поради што италијанскиот тим ќе остане без 7,5 милиони евра.

Интер за Жоао Марио платија 40 милиони евра, по Европското првенство во 2016 година. Португалецот никогаш не го оправда потенцијалот. Интер го испраќаа на позајмици во Вест Хем, Локомотив Москва и Спортинг Лисабон. Клубот од Лисабон сакаше да го откупи за 3,5 милиони евра, додека најголемите ривали на Спортинг, Бенфика, понудија 7,5 милиони евра.

Интер не може да го реализираат трансферот поради клаузулата која имаа потпишано Интер и Спортинг.

Според таа клаузула, Интер треба да им платата на Спортинг 30 милиони евра, доколку го продадат Марио во некој друг португалски клуб.

Интер поради тоа го раскинаа договорот со фудбалерот и тој сега може да бира каде ќе ја продолжи кариерата.

Scroll to Top