Интер се врати на третото место во Серија А по победата од 2:0 над Киево во последниот меч од 36. коло во италијанскиот шампионат.
На две кола пред крајот на лигата, Интер има 66 поени, еден повеќе од Аталанта и четири помалку од Милан и Рома во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Оваа победа за Интер доаѓа по три нерешени резултати за тимот на Лучано Спалети.
Предност на „нераѕурите“ им донесе Матео Политано, кој во 39. минута ја искористи катастрофално лошата реакција на одбраната на последнопласираниот Киево за од работ на шестнаесетникот да постигне гол. Гостите од Верона во 76. минута останаа со играч помалку, а теренската предност се искористи во 86. минута, кога Иван Перишиќ по уште една „бурлеска“ на одбраната на Киево зголеми на 2:0.
Претходно, Болоња на Синиша Михајловиќ направи голем чекор кон опстанок во лигата, откако со 4:1 ја растури лошата Парма, која иронично си постигна два автогола.
Antonio Candreva with the fancy footwork and Ivan Perišić puts it in to give Inter a 2 nil advantage at the San Siro!! #tlnsoccer #InterChievo #SerieA pic.twitter.com/RqJcAtPsFc
— TLNTV (@TLNTV) May 13, 2019