Навивачите на „нераѕурите“ секако останаа очајни по поразот од 2:0 од Џенова, но кај македонските фанови барем е утеха што гол даде Горан Пандев, кого Интер јавно го поздравија на својот Твитер профил пред мечот.
??? | Always a pleasure to cross paths with Goran #Pandev again. The Macedonian made 69 appearances and scored 8 goals in a Nerazzurri shirt.#GenoaInter pic.twitter.com/vWxK8y0fqF
— Inter (@Inter_en) February 17, 2018
„Секогаш е задоволство да ти се вкрсти патот со Горан Пандев. Македонецот имаше 69 настапи и 8 гола во дресот на ’нераѕурите’“, напишаа од Интер.
Откако Пандев го постигна голот, од профилот се јавија само со краток коментар.
59′ The home side double their lead through Pandev. #GenoaInter 2-0
— Inter (@Inter_en) February 17, 2018
Пандев, кој со Интер под водство на Жозе Мурињо ја освои титулата од Лигата на шампионите во славната генерација на италијанскиот клуб, за разлика од својот друг поранешен клуб Лацио, со Интер секогаш имал „љубовна врска“. Тој својата почит ја покажа и со тоа што не го прославуваше вториот гол со кој се обезбеди победата над саканиот Интер.
Пандев му се заблагодари на тренерот на Џенова, Давиде Балардини, за тоа што „го прави да се чувствува важен“, а на Интер му посака најдобро во иднина.
„Второто полувреме беше многу добро. Бевме подготвени и мислам дека ја заслуживме победата и ова е вистинскиот начин да се игра пред нашите играчи. Да му се заблагодарам на тренерот, кој ни помогна да ја свртиме формата. Можеме и подобро“, изјави Пандев за „Медиасет“.
Пандев призна дека е тешко да се слави против Интер.
„Секогаш ќе му се заблагодарувам на Интер, бидејќи тие ме донесоа во Италија и ми дозволија да освојам тројна титула со нив, но денеска моравме да победиме. Се надевам дека ќе се квалификуваат за Лигата на шампионите, бидејќи клуб како Интер заслужува да е таму“, додаде Македонецот.
Пандев го „покоси“ и Интер, овации на „Луиџи Ферарис“ (видео)