Top Sport

Интер шампионската сезона ја завршил во минус од 235 милиони евра!

Италијанскиот фудбалски клуб Интер објави многу лоша финансиска состојба. Без оглед што клубот од „Џузепе Меаца“ минатата сезона го освои Скудетото по пауза од 11 години, сепак сезоната ја завршил во минус од 235,6 милиони евра.

Приходите им биле „само“ 364,7 милиони евра, на што големо влијание имала и пандемијата на коронавирусот, па „Нероазурите“ беа во еден период од сезоната во толку „голема дупка“ што им доцнеа платите на играчите.

„Пожарот“ беше изгаснат со продажбата на тројца играчи – Ромелу Лукаку во Челси за 115 милиони евра, Ашраф Хакими во ПСЖ за 60 милиони евра и Матео Политано во Наполи за 19 милиони евра.

Исто така, на тренерот Антонио Конте на кого му била платена отштета спогодбено му беше раскинат договорот, а во Интер се ослободија од неговата годишна плата од 12 милиони евра.

Иако финансиски се ослободи – играчки Интер секако е ослабен.

Scroll to Top