Top Sport

Мареј: Чувствувам дека можам да ги победам и најдобрите!

Британскиот тенисер Енди Мареј вели дека се чувствува се подобро на тениските терени. Тој смета дека во комбинација со малку полесна жрепка, би можел да се избори за подобра позиција на АТП листата.

„Се чувствувам се подобро. Позицијата на АТП листата не ми е приоритет, но имав тешка жрепка на неколку од последните турнири. Секако, кога сте подобро рангирани, тогаш тоа може и да го избегнете. Сакам да ја поправам својата позиција за да имам што е можно поголеми шанси на најважните турнири“ вели Мареј.

Тој минатата недела стигна до четвртфиналето на турнирот во Мец каде загуби од Полјакот, Хуберт Хуркач. Моментно настапува на тениски турнир во Сан Диего.

„Доживеав пресвртница на САД опен. Разбрав дека играм подобро и дека имам шанса да ги победувам врвните играчи. Тоа ме мотивираше“ заклучи тенисерот.

Scroll to Top