Top Sport

Интер со „луд“ пресврт го победи Емполи

Италијанскиот првак Интер играше хазардерски против Емполи на „Џузепе Меаца“. Тимот на Симоне Инзаги дозволи да губи со 0:2, но, сепак, успеа на крајот да триумфира (4:2) и во овој момент да се искачи на првото место на табелата во Серија А.

Андреа Пинамонти во петтата минута најави изненадување, а Кристјан Аслани зголеми на 0:2 во 28.минута.

Интер потоа тргна фуриозно кон голот на ривалот и за пет минути израмни. Во 40.минута Ромањоли си постигна автогол, а пет минути подоцна Лаутаро Мартинез израмни на 2:2.

Аргентинецот беше расположен за игра и во вториот дел го постигна победничкиот гол за Интер во 64.минута од дуелот. Алексис Санчез во судиското продолжение само го потврди триумфот.

Scroll to Top