Валенсија и Интер одиграа 1:1 на пријателски меч на „Месталја“ пред 40-тина илјади гледачи, среќавајќи се првпат по неславниот меч во Лигата на шампионите од 2007 кога по крајот имаше масовна тепачка меѓу фудбалерите.
Овојпат, 12 години подоцна, немаше лоша крв меѓу двата тима кои се подготвуваат за стартот на новата сезона.
Валенсија дојде во водство преку Карлос Солер во 38. минута откако Гуедеш убаво го најде во шестнаесетникот, но тимот на Антонио Конте, кој направи голем број на измени, успеа да израмни во 81. минута кога од белата точка прецизен беше Матео Политано.