Интер поднеле прва понуда до Атлетико Мадрид за напаѓачот Алваро Мората, нудејќи 15 милиони евра, пет помалку од посакуваната цена на шпанскиот клуб, тврди „Спортиталија“.
По одлуката да се откажат од Ромелу Лукаку, кој го налути клубот со преговорите со Јувентус, Интер имаат неколку опции да се засилат во нападот, вклучувајќи го Мората, но и младиот американски репрезентативец, напаѓачот на Арсенал, Фоларин Балоган.
30-годишниот Мората дефинитивно ќе биде поевтината опција, бидејќи неговата откупна клаузула е 20 милиони евра. И Рома е заинтересирана за шпанскиот ветеран.