Top Sport

Интер со реми со Специја, головите на Пандев доволни за поен за Џенова

Интер пропушти шанса да се одвои на 12 поени пред Милан на врвот на табелата во Серија А, откако одиграа 1:1 кај Специја, Јувентус се врати за 3:1 победа над Парма за да се искачи на третото место на табелата, додека двата гола на Горан Пандев беа доволни за 2:2 реми со Беневенто на неговата Џенова во 32. коло во Серија А.

Откако Милан загуби од Сасуоло, „нераѕурите“ имаа совршена шанса за да направат уште еден голем чекор кон скудетото (кое не е многу неизвесно). Но, Диего Фариас ги донесе Специја во водство уште во 12. минута, пред Иван Перишиќ да израмни во 39. минута.

Во Торино, Парма стигна до 0:1 водство во 25. минута преку слободниот удар на Бругман, пред Алекс Сандро во 43. и 47. минута да го најави пресвртот, кој го комплетираше Матијс де Лихт во 68. минута.

Горан Пандев постигна два гола за Џенова да стигне до 2:2 реми со Беневенто, уште еднаш покажувајќи дека е незаменлив за Грифоне и на 37 години.

СЕРИЈА А, 32.КОЛО

Јувентус – Парма 3:1

Специја – Интер 1:1

Џенова – Беневенто 2:2

Болоња – Торино 1:1

Кротоне – Сампдорија 0:1

Удинезе – Каљари 0:1

Scroll to Top