Top Sport

Интер со загуба од 245 милиони евра, Жанг сигурни во визијата на клубот

Акционерите на Интер го одобрија финансискиот извештај за финансиската година 2020/21 со неверојатна загуба од 245.6 милиони евра, од кои пола се поради пандемијата на КОВИД. И покрај ова кинеските сопственици, семејството Жанг тврди дека е целосно посветено на клубот.

„Приходите на клубот беа 364.7 милиони евра, а загубата 245.6 милиони евра. Влијанието на КОВИД-19 не чинеше 110 милиони евра, околу 70 милиони евра поради затворените стадиони и 40 милиони евра поради намалените пари од спонзорите“, се вели во извештајот.

Претседателот на клубот, Стивен Жанг вели дека посветеноста кон „нераѕурите“ останува.

„Освојувањето на нашето 19. скудето беше нешто на што ќе се сеќаваме, поради покажаното од нашиот тим, но и страста на нашите фанови, кои чекаа 11 години на ваков момент. Направивме голем напредок откако го преземавме клубот во 2016, Интер стана глобален, успешен и иновативен клуб, кој во исто време имаме јасно дефинирана визија“, објаснува Жанг.

Scroll to Top