Ешли Јанг успеал да ги импресионира Интер во само неколку недели колку што е во клубот, и управата на клубот решила да му го продолжи договорот, тврди „Ла газета дело спорт“.
Дефанзивецот дојде во Милано од Манчестер јунајтед за сума од само 1.5 милиони евра откако имаше само шест месеци од договорот со клубот од „Олд Трафорд“, и оттогаш одигра седум меча за „нераѕурите“ постигнувајќи еден гол и додавајќи една систенција.
Сепак, Антонио Конте и првите луѓе на Интер биле убедени во квалитетите на 34-годишниот ветеран со неговата напорна работа на тренинзите и тие решиле да ја активираат клаузулата во договорот со која тој добива договор и за 2020/21.