Тимот на Наполи веќе нема совршен старт во италијанската Серија А, откако Интер успеа да остане непоразен и да одигра 0:0 на „Сан Паоло“ пред 50 илјади гласни „наполитанци“.
Наполи го почнаа натпреварот одлично, играјќи ја својата препознатлива игра, и најсериозната шанса ја имаа во 20. минута, кога Елсеид Хисај додаде одлична топка до Мертенс и само одличната реакција на голманот на Интер, Хандановиќ спречи гол.
Лоренцо Инсиње имаше уште две одлична шанса во 33. и 35. минута (втората шанса со глава!), пред Интер да го упати првиот удар на голот, кога Икарди со глава додаде до Валеро, кој имаше одличен волеј-удар, но Реина одлично интервенираше.
Интер подобро го стартуваа второто полувреме, откако Вечино и Икарди со одлична акција веќе го совладаа Реина, пред Хисај да интервенира и да ја извади топката од гол-линијата. Најдобра шанса за домаќините имаше повторно Инсиње, со спектакуларен удар во 75. минута, кој заврши покрај левиот дирек на Хандановиќ.
Наполи остануваат први со 25 поени (осум победи и едно реми), а Интер има само два поени помалку по одличниот старт на сезоната на „нероаѕурите“.
Интер последен пат победи во Неапол на „Сан Паоло“ пред 20 години (2:0 во октомври 1997), по што имаше низа од три ремија и осум порази на стадионот пред вечерашниот меч.