Top Sport

Интер утре ќе го претстават Ериксен, подготвуваат „нешто посебно“

Интер го комплетираа трансферот на Кристијан Ериксен од Тотенхем, но ќе почекат формално да го претстават утре, бидејќи тимот задолжен за социјални мрежи на италијанскиот клуб сака да направи „нешто посебно“, јавува „Скај спорт Италија“.

Во интересен момент, за зголемување на медиумското присуство во Интер решиле дека е потребно да се почека уште еден ден, иако Данецот пристигна во 10 часот наутро во Милано за да го комплетира медицинскиот тест и потпиша договор до јуни 2024, наводно за 8 милиони евра по сезона.

Ериксен ја почна кариерата во Оденсе во Данска, но бргу замина во младинската академија на Ајакс во јануари 2009, пред во 2013 за 13.5 милиони евра да потпише за Тотенхем. Неговиот договор со Тотенхем завршуваше во јуни и тој ќе можеше да замине бесплатно, но Интер платија 20 милиони евра (плус милион евра за неговиот младински клуб), како и парите од влезниците за нареден пријателски меч на двете екипи.

Scroll to Top