Top Sport

Карачиќ доби овации во Мостар (видео)

Покрај дочекот во Загреб од десетина илјади навивачи, дел од хрватската ракометна репрезентација вечерва беше пречекана и во Мостар, во Босна и Херцеговина, каде што најголеми овации доби поранешниот вардарец Игор Карачиќ.

Ракометарите кои се по потекло од Херцеговина, а ги бранат боите на Хрватска, беа пречекани како херои.

„Посебна чест ми е што вечерва сум тука со вас, бидејќи без вас немаше да бидам ништо. Ние како деца на ова игралиште почнавме со спортот. Ви благодарам од срце и ви симнувам капа“, изјави Карачиќ.


Scroll to Top