Интер во понеделник ќе има средба со агентите на Лаутаро Мартинез во обид да се договорат за продолжување на договорот на Аргентинецот по обновениот интерес на Барселона, тврди „Тутомеркато“.
Според нивните извори, состанокот првично бил закажан за петок, но бил одложен за понеделник. Блауграна уште се обидуваат да го донесат 22-годишниот напаѓач и покрај тоа што се сметаше дека се откажале по истекот на неговата клаузула за откуп.
Барселона уште се обидува да продаде дел од своите играчи за да обезбеди средства за Лаутаро, предизвикувајќи Интер да му понудат на младиот напаѓач зголемена плата на „Меаца“.