Top Sport

Пирло почна со 5:0 победа, прв стрелец, секако, Роналдо

Јувентус го одигра првиот меч под водство на новиот тренер Андреа Пирло, откако на пријателски меч со 5:0 ја совладаа Новара.

Првиот гол во новата ера го постигна Кристијано Роналдо во 20. минута, но потоа отпорот на третолигашот траеше до 56. минута, кога Мерих Демирал зголеми на 2:0. Повратникот во тимот, Марко Пјаца зголеми на 3:0 во 66. минута, по што Маноло Портанова постигна два гола во судското продолжение за конечните 5:0.

Scroll to Top