Интер на неверојатен начин дојде до победа (3:4) на гости против Фиорентина. Тимот на Симоне Инзаги славеше со голот на Хенрик Мхитарјан во 95.минута, откако на среќен начин топката го погоди по обидот на Венути да расчисти во својот шеснаесетник. Претходно, Лука Јовиќ израмни на 3:3 во 90.минута од дуелот.
Интер поведе со 0:2, со головите на Николо Барела во втората минута и на Лаутаро Мартинез во 15.минута. Но, Фиорентина успеа да израмни. Артур Кабрал погоди од пенал во 33.минута, а Џонатан Иконе во 60.минута уште еднаш ја тресеше мрежата на „нероаѕурите“.
Во 75.минута Лаутаро Мартинез од пенал повторно го доведе Интер во водство, а и завршницата беше супер возбудлива.