Францускиот напаѓач Маркус Тирам летово дојде во Интер и веќе на стартот од сезоната покажа дека е големо засилување за вицешампионот на Европа. Во блиска иднина соиграч би можел да му стане неговиот брат Кефрен.
Интер покажал сериозен интерес за играчот од средниот ред на Ница, Кефрен Тирам, за кого во летниот преоден рок интерес покажа Ливерпул.
Кефрен има 22 години и игра се подобро во Лига 1, па Интер не крие дека е заинтересиран да го ангажира. Се проценува дека вреди меѓу 25 и 30 милиони евра.
Инаку, Маркус и Кефрен се синови на легендарниот француски фудбалера Лилијан Тирам, кој играше во Италија , во Парма и Јувентус.